Навивачите на Toтенхем се воодушевени што петта сезона по ред во Премиер лигата нивниот клуб завршува пред лутиот соседски ривал Арсенал. А сега причината за славење (можеби подобро кажано за сеир или мајтапење) е поголема затоа што „Спарс“ ги претекнаа „топчиите“ во уште една конкуренција.
Тотенхем за првпат од формирањето на Премиер лигата (1992 година) го претекна големиот ривал од Северен Лондон Арсенал на клупската ранглиста на УЕФА. Тоа стана возможно по пласманот на Тотенхем во групната фаза на Лигата на конференциите.
Пред почетокот на сезоната во европските купови разликата беше два бода во корист на Арсенал, а тимот на Микел Артета не може да додаде бодови затоа што не се пласира во ниту еден од трите клупски турнири на УЕФА: Тотенхем го елиминира Пасош Фереира во плеј-офот за ЛК и се пласира во групната фаза, а тој успех му донесе 2,5 поени според системот на УЕФА.
Тотенхем во 1.коло му гостува на Рен, потоа игра со Мура и со Витесе и сигурно ќе набие добра бодовна разлика во однос на лутиот ривал од соседството.