Седлоски: Дојдовме по победа, но немавме среќа

840

По денешното реми во Тетово против шампионот Шкендија, тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, имаше свој коментар за она што се случуваше во овие 90 минути.

„Мислам дека беше интересен натпревар, но тежок. Во првиот дел, како да имавме некои проблеми, но вториот дел го започнавме доста добро. Во второто полувреме напаѓавме цело време, имавме добри шанси, но немавме среќа. Дојдовме тука за да победиме, но и Шкендија има многу добар тим. Сепак, ќе продолжиме да се подготвуваме за следниот натпревар и да се бориме за три бода“, изјави Седлоски.

Следниот натпревар за Шкупи ќе биде против Борец, в недела.

ПретходноКлоп: Утре задолжително гледајте Ливерпул – Милан
СледноЛШ: Јанг Бојс го шокираше Манчестер Ј., Севиља и Салцбург одиграа реми во меч со четири пенали (ВИДЕО)