Одбојкарската репрезентација на Србија е прв полуфиналист на Европското првенство. Со победа над селекцијата на Холандија со резултат 3:0 (25:23, 25:20, 27:25), Србите го потврдија фаворитскиот статус и влегоа во борба за медалите.
Бранителите на титулата шампион на „стариот континент“ имаа помали осцилации отколку во осминафиналето и полесно го приведоа мечот до крај. Холанѓаните пружија одличен отпор, но недоволно за да го загрозат тимот на Слободан Ковач.
Вечерва во второто четвртфинале на ЕП ќе играат Полска и Русија.