ТРЧАЈ БЕ – голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди

114

Над илјада учесници и многу публика распоредена на улиците низ Битола, викендов приредија атлетски спектакл во Битола.

Организаторите на третото издание на ТРЧАЈ БЕ  и покрај ограничувањата со протоколите наметнати од  здравствената криза, одговорија успешно на предизвикот да организираат Балканско првенство во полумаратон и пратечки две трки на 5К и 10К, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.

Од минатата година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, оттука и одлуката Балканското првенство во полумаратон да се организира во градот кој за многу кратко време создаде бренд од својата градска трка Трчај бе. Петседателката на АФМ Александра Војнеска-Зикова, го означи стартот на трите трки и поздравувајќи ги репрезентациите од земјите учеснички и домашните атлетичари истакна како може една идеја да се преточи во настан кој евидентно ја подигнува атлетиката на едно поинакво ниво.

„ТРЧАЈ БЕ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала. Присуство на врвни атлетичари од Балканот и двата нови национални рекорди ја промовираат трката на еден поинаков левел, кој ветува сјајна иднина“, истакна Никола Димитровски директор на трката.

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова истрчаа национални рекорди на Балканското првенство во полумаратон (21 километар), во склоп на уличната трка „Трчај бе” во Битола. Двајцата за неколку минути го подобрија своето и националното најдобро време, што е своевиден подвиг.

Резултати од Балканското првенство во полумаратон

Кај ЖЕНИТЕ
1. Маринале Нинева од Бугарија со време 1.16.02 ( 1 час 16 минути и 2 секунди )
2. Лилјана Марија Драгомир од Романија со време 1.16.33
3. Неја Кршинар од Словенија со време 1.16.48
4. Адријана Поп Арсова од Македонија со време 1.18.50
5. Дилек Остурк од Турција со време 1.19.17
6. Девора Аврамова од Бугарија со време 1.19.46
7. Николета Циортан од Романија со време 1.23.04
8. Миљана Ристиќ од Македониај со време 1.29.06
9. Емине Акбингол од Турција со време 1.29.31

КАЈ МАЖИТЕ
1. Илие Александру Корнесци од Романија со време 1.05.54
2. Ахмет Алканоглу од Турција со време 1.06.02
3. Дарио Ивановски од Македонија со време 1.06.09
4. Абдулах Тоглук од Турција со време 1.07.18
5. Џоло Николов од Бугарија со време 1.07.38
6. Стефан Иулиш Гаврил од Романија со време 1.07.47
7. Петар Братулич од Хрватска со време 1.10.25
8. Мирослав Спасов од Бугарија со време 1.11.16
9. Атанас Анчевски од Македониај 1.13.54
10. Тирон Мамуша од Косово со време 1.15.48
11. Илир Келези од Албанија кој не ја заврши трката

10k Мажи
1. Димитар Петровски
2. Кристиан Стојани
3. Трајче Илијевски

10k Жени
1. Билјана Кираџиева
2. Душица Јанковиќ
3. Марина Домазетовска

5к Мажи
1. Пепи Анакијев
2. Кристијан Наумовски
3. Michaël Van Baelen

5k жени
1. Милена Чкрипеска
2. Цеца Србова
3. Мери Чкрипеска

ПретходноОфицијално: Кокошков не е повеќе селектор на Србија, Пешиќ чека промоција!
СледноДарио Митевски “прекомандуван“ во првиот тим на МЗТ Скопје!