Во сенка на трагедијата во Тетово која се случи минатата недела, денеска во градот под Шара се среќаваат Шкендија и Шкупи. Екипи кои пред да почне сезоната беа посочувани како најсериозни кандидати во битката за титулата. И со право, и тоа според квалитетот, според буџетите на двата клуба, според амбициите.
За разлика од својот ривал, Шкендија во минатите пет кола не одигра така добро. Успеа да освои само шест бодови од можните 15, и затоа сите во клубот знаат дека денеска, Шкендија не смее да загуби, ама баш не смее.
Во случај на пораз разликата ќе биде цели седум бодови, и тоа ќе биде голем, голем проблем за шампионот.
Традицијата е на страната на тетовскиот клуб. Во поново време, откако Шкупи се врати во елитата, овие две екипи одиграле вкупно 23 натпревари. Шкендија победила на 13, Шкупи само трипати се радувал на триумф, додека седум мечеви завршиле без победник.
Во секој случај ќе биде супер интересно.