Германскиот фудбалер Леон Горецка го продолжи договорот со Баерн до 2026 година. Неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната, а по повеќемесечни преговори фудбалерот одлучи да остане во Минхен.
Договорено е Горецка да добие повисока плата и ќе заработува 15 милиони евра на годишно ниво. Инаку тој во Баерн дојде пред три години од редовите на Шалке. Од тогаш па до сега постигна 25 гола и запиша 27 асистенции во 117 натпревари.
Во текот на летото се шпекулираше за негово заминување, меѓутоа Горецка не помисли на друг клуб се додека не завршат преговорите со „Баварците“.