Домашните мечеви на Академија Пандев наскоро на „Спорт Клуб“

538

ФК Академија Пандев вечерва објави дека домашните натпревари на струмичкиот тим, наскоро ќе се емитуваат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“.

ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона!

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Јуве убедливо против Малме, Баерн среќно поведе на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)
СледноПадна и втора „глава“ во Серија А: Отказ и за тренерот на Каљари