Елверум со порака до фановите: Ајде да го испратиме Вардар со празни раце во Скопје!

863

Вардар 1961 новата сезона во Лигата на шампиони ја почнува на гостински терен кај Елверум. Македонскиот првак денеска треба да замине за Норвешка, за утре во 18:45 часот е закажан мечот од првото коло.

Ќе биде тешко, противникот ќе игра пред своите фанови. После долго време поради пандемијата коронавирус и во оваа земја навивачите се вртаќаат на трибините.

Норвешкиот тим гледа со голем респект кон Вардар 1961, двократниот освојувач на титулата во ЛШ. Од клубот велат дека македонскиот првак е мал фаворит на хартија, но дека заедно со навивачите можат победнички да тргнат во најсилното европско клупско натпреварување.

„Да ги искористиме сите сили и да го испратиме Вардар со празни раце во Скопје“, порачаа од Елверум. 

ПретходноСупер – дербито во Тетово почна со едноминутно молчење!
СледноПолувреме на супер-дербито: 0:0 во Тетово, Шкендија поопасна, Шкупи одлично се брани!