Играчот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот, мина успешна операција на левиот скочен зглоб, објавија вечерва од клубот. 18-годишниот фудбалер се здоби со тешка повреда во победата на Ливерпул од 3:0 над Лидс Јунајтед во неделата.
Елиот започнува со рехабилитација наскоро, а медицинскиот персонал на Ливерпул не брза со прогнози за периодот на опоравување, но се оптимисти дека играчот ќе се врати на терените пред крајот на сезоната.