Женската А репрезентација на Македонија ги започна подготовките за дуелите во квалификациите за пласман на Мундијалот 2023 година. Македонскиот национален тим ќе игра со Англија во Саутемптон на 17 септември, и четири дена подоцна на Националната Арена „Тодор Проески“ со Австрија.
Секако дека селекциите на Англија и на Австрија важат за фаворити, но избраничките на Кирил Изов посакуваат изненадување.
Покрај овие две селекции, во групата со Македонија се уште и селекциите на Северна Ирска, Луксембург и Летонија.