Македонија нема да има трета екипа во АБА2

285

На собранието на АБА лигата одлучено е лигата да биде зголемена за две екипи, а вајлд карти добија Широки и Златибор. Тоа значи дека Македонија нема да има трет претставник во втората Балканска лига што значи дека во остануваат само МЗТ и Пелистер.

Променет и системот на плеј-офот во најсилната АБА лига во која нема да има четири туку шест најдобри екипи од лигашкиот дел на натпреварувањето.

Првопласираниот и вториот одат директно во полуфинале, а преостанатите четири тима ќе се борат за доигрување за место меѓу четирите најдобри во шема: третиот со шестиот и четвртиот со петтиот на табелата.

Полуфиналето ќе се игра на две, а финалето на три добиени натпревари.

ПретходноПрекинатиот меч Ница-Марсеј доби нов термин, потврдени суспензиите за Паје, Гонзалез…
СледноУЕФА го забрани дресот на Ајакс, тој мора да се преработи