Супер-дербито без победник, Бруно уште ќе сонува како да го победи Седлоски!

487

Интересно, возбудливо дерби, со неколку шанси, погодена пречка, сепак без победник. Шкендија и Шкупи попладнево во Тетово одиграа без голови, исход кој секако дека повеќе ги задоволи гостите иако и тие може да жалат што не победија, ако се знае дека Цветаноски во вториот дел ја погоди пречката на Шкендија, а имаа и супер шанса во самиот финиш.

Реално Шкендија имаше повеќе од играта создаде повеќе шанси, но сепак не успеа да го совлада лутиот ривал од Скопје.

Ова значи дека Бруно Акраповиќ и во петтиот меѓусебен дуел со Гоце Седлоски не успеа да се израдува на победа. Ќе мора да сочека нова шанса.

Ова дерби започна со почетно испитување на силитем, ниту една екипа не сакаше да преземе поголем ризик и да нападне со повеќе играчи. Повеќе како да се мислеше на својот а не на противничкиот гол. Сепак и во таква игра првата закана ја упатија гостите преку Адем, сепак безуспешно. По таа 15-20 минута Шкендија ја презеде иницијатива, имаше повеќе од играта а содаде и две добри шанси. Првата на Хебај, но неговиот шут во последен момент беше блокиран, а во 45.минута Елези имаше празен гол, но не успеа да погоди.

ЕЛЕЗИ И АЛИМИ СЕ ЗАКАНУВААТ

Шкупи и во вториот дел, на почетокот, беше ориентиран да се брани, примарната цел беше да не се прими гол. Првата шанса во овој период, во 49.минута јка имаше Елези, но сепак немаше среќа. Во тие моменти чаирчани преку Радески, инаку екс фудбалерот на Шкендија, безуспешно се закануваат одново.

Во 52.минута Алими од десно силно шутираше, но Наумовски едвај одбрани и ја исфрли топката во корнер. Неколку минути подоцна Наумовски одново го одбрани својот гол, по зицерот кој го имаше Бруно Дита. Нема дилеми, Шкендија тргна со сите сили кон победа.

ЦВЕТАНОСКИ ЈА ГАЃА ПРЕЧКАТА

Се играше 73.минута кога Шкупи преку Цветаноски можеше и мораше да поведе. Офанзивецот на чаирчани убаво се намести, шутираше од околу 15 метри и кога сите ја видоа топката во мрежата на Захов, таа заврши во пречката. Воздишки кај гостите, среќа за домашните.

Во тие моменти и дефинитивно Шкупи се ослободи од притисокот. Гостите како да ја презедоа средината на теренот, имаа акции, а имаа и закани кон голот на Захов. Сепак без успех. Резултатот во таа 82.минута се уште беше 0:0.

Во 84.минута по стартот на Сенгор врз Нафиу, домашните жестоко реагираа, барајќи пенал, но судијата Игор Стојчевски не покажа на белата точка во корист на Шкендија. Шкупи во финишот имаше супер шанса, но тетовци се спасија.

До крајот и двете екипи се обидоа да постигнат гол за победа, но сепак дербито заврши без победник.

ПретходноВечерва Кристијано го израмнува рекордот на легендата на Реал Мадрид!
СледноПо ремито во Тетово: “Пандевци“ лидери, Шкупи на третото место а Шкендија седма!