Алборг го демантираше ЕХФ, го распарчи ППД Загреб

462

Екипата на ППД Загреб предводена од поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван со убедлив пораз стартуваше во Лигата на шампиони. На домашен терен хрватскиот тим беше демолиран од Алборг со 34-24.

Со овој резултат гостите го демантираа ЕХФ во проценките дека „плинарите“ можат да бидат едно од најпријатните изненадување. Европската куќа на ракометот ги сметси во Топ 10 листата во традиционалното рангирање пред стартот на сезоната.

Ракометарите на ППД Загреб беа добри само во првите 15. минути, одржуваа минимална позитива, но гостите со мини серија дојдоа до водство од четири гола на одморот (14-18). Домаќинот не успеа да се врати, Алборг доминираше на теренот.

Во истата група на Вардар, Мешков беше совладан од Кил со 30-33, додека Монпелје и Сегед одиграа без победник (29-29).

 

ПретходноИскрено: „Уживам во поразите на Барса зошто сум за Реал“
СледноГостивар славеше на тест-мечот со МЗТ Скопје А.