Ракометарите на Металург го претрпеа и вториот пораз на стартот на новата сезона во домашното првенство. Вечерва на гостувањето кај Прилеп во првиот меч од 2. коло, „металурзуите“ се поразени со 28:24.
Прилеп подобро го отвори мечот и успеа да направи солидна предност на стартот поведувајќи со 7:2. Металург успеа да ги среди своите редови и на пауза да замине со само два гола негатива (15:13).
Гостите вториот дел го почнаа подобро и имаа предност од 18:19 и 19:20, но следуваше нова серија на Прилеп, овој пат од 4:0н со што домашните се вратија на 23:19. До крајот на мечот Прилеп не дозволи да ја испушти предноста и дојде до победа.
За Прилеп ова беше прва сезонска победа, за Металург веќе втор пораз. Рустемов со 7 и Чантуриоја со 6 гола беа најефикасни кај домашните, кај Металург, Петров и Костадинов постигнаа по 5.