Пике по дебаклот од Баерн: Ова е нашата реалност

516

Во првото коло од Лигата на шампиони, Барселона е поразена од Баерн со 3-0 на домашен терен, без ниту еден заканувачки удар кон голот на противникот.

Жерард Пике по натпреварот беше помалку разочаран, констатира дека каталонскиот гигант не е меѓу фаворитите оваа сезона, но потсети дека и Челзи не беше, па на крајот успеа да дојде до титула.

„Резултатот е висок, тешко е кога дома ќе изгубите вака. Во првото полувреме бевме компетитивни, но потоа се промени текот. Голот за 2-0 не погоди. Во игра влегоа 18-годишни фудбалери, овој тим покажа лице и се бореше. Така е како што е, се надевам дека ќе доведеме уште играчи. Ова е комплицирана година за нас. Баерн беше многу подобар

Во овој момент не сме меѓу фаворитите. Порано бевме, па не успеавме. Минатата сезона никој не го сметаше Челзи за фаворит. Баерн со години е заедно, има искуство. Ние пак имаме четири до пет 18 годишини фудбалери. Тоа е нашата реалност. Ова не е алиби, ние сме Барса и ќе видиме како ќе биде до крајот на сезоната“, изјави за „Марка“, Пике.

Следниот меч во ЛШ, Барселона го игра на гости кај Бенфика.

ПретходноНемоќта на Барса: Тешко е да се пронајде вистинскиот збор (ВИДЕО)
СледноРоналдо собори жена со топка, па направи потег за воодушевување (ВИДЕО+ФОТО)