Одбојкарите на Словенија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство откако во последното четвртфинале ја совладаа Чешка во Острава со 3:0 во сетови.
Словенците триумфираа со доминантната игра против домаќините (25:21, 25:19, 27:25) и закажаа полуфинале против Полска во борбата за финалето.
Најголема заслуга за успехот на тимот на Алберто Џулијани има Тончек Стерн, кој беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени.