Вардар 1961 денеска (18:45 часот) го игра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак за противник го има тимот на Елверум.
Стратегот, Веселин Вујовиќ го одбра составот за ова гостување. На големо изненаување, тој ќе смета и на браќата Њокас.
Во Скопје останаа Ристовски, Кудуз и Гурбндо. Шпанскиот репрезентативец е во најава дека ќе си оди, дали тоа е навистина така засега нема потврда, дури и Вујовиќ не ја кажа причината поради која Гурбиндо не отпатува за Норвешка.