Гостивар славеше на тест-мечот со МЗТ Скопје А.

205

Екипата на Гостивар славеше во својот прв подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона и тоа против актуелниот шампион, на негов терен.

Кошаркарите на Александар Јончевски триумфираа со 73-63 откако беа во водство во речиси целиот тек од натпреварот. МЗТ Скопје повторно беше некомплетен, бидејќи во составот повторно не беа капитенот Дамјан Стојановски, како и Адем Мекиќ и Дастин Вер.

Најефикасни во победничкиот тим беа Силаџи и Ефремовски, додека кај МЗТ Скопје, прв стрелец беше Роберт Рикиќ.

ПретходноАлборг го демантираше ЕХФ, го распарчи ППД Загреб
СледноЛШ: Два пресврта и победа за Ливерпул, Родриго го „реши“ Интер, бледиот ПСЖ зема само бод (ВИДЕО)