Вардар славеше во Прилеп, ја победи Победа и тоа на пенали и со тоа се пласира во осминафиналето во Купот на Македонија, но сепак сите се под импресии на она што го направија фановите на Победа – „Мајмуни“.
Просто да се наежиш. Каква само супер атмосфера направија, каков ли само спектакл. И тоа со огномети, со песна, со навивање. Браво и само браво.
Ете уште еднаш се покажа колку му недостасува на мак – фудбалот една силна Победа. Инаку иако и Победа и Вардар се второлигаши, денеска на “Гоце Делчев“ имаше близу 4.000 гледачи.