Де Лаурентис: ЛШ е застарен модел, ни треба Европска лига која ќе вреди 10 милијарди евра!

623

Очигледно дека идејата за Суперлигата пропадна. Иако некои сметаат дека таа може да заживее, сепак реалноста говори нешто друго. Од Италија, поточно од Наполи доаѓа нова идеја.Имено претседателот на клубот каде што е член и нашиот Елиф Елмас, Аурелио Де Лаурентис има важен предлог. Се разбира допрва треба да се види како ќе реагира претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, но и останатите клубови.

Овој систем веќе не функционира. ЛШ и ЛЕ веќе не носат доволно пари на клубовите. Токму затоа мојот предлог е да се формира Европска лига која нема да биде од затворен тип, напротив. Во неа ќе се влегува врз основа на резултатите постигнати во домашните првенства. Од моја страна испитан е тој систем кој може да донесе 10 милијарди евра на европскиот фудбал. Во меѓувреме треба да го намалиме бројот на натпревари во домашните првенстав. Секако дека треба и да се променат некои правила за да фудбалот биде поатрактивен“ изјави Де Лаурентис.

ПретходноРоналдо собори жена со топка, па направи потег за воодушевување (ВИДЕО+ФОТО)
СледноВардар 1961 во Елверум ја отвара 16. сезона во Лигата на шампиони