Е.Пелистер „нагази“ во вторто полувреме и го освои Кавадарци

124

Е.Пелистер дојде до втората победа во оваа сезона во Супер-лигата. Битолскиот тим на гостувањето кај Тиквеш славеше со убедливи 24-30, благодарение на одличната игра во второто полувреме.

Домашниот состав се покажа како жилав противник во првите 30. минути. Не успеа да поведе ниту еднаш, но не му дозволи на Е.Пелистер лесно да го реши мечот, пред крајот на првиот дел израмни на 14-14. Токму по овој резултат, битолчани со серија од 3-0 поведоа со 14-17 и до крај не дозволија драма, иако Тиквеш успеа да дојде до негатива од еден гол. Посилната клупа на гостите на крајот беше пресудна.

Божиќ Павлетиќ постигна 6 гола, еден помалку имаше Мандалиниќ, на другата страна Јанчев, Трпковски, Симиќ и Темелкоски имаа по четири погодоци.

ФОТО: Е.ПЕЛИСТЕР

ПретходноЛШ: Шериф Т. и Николов пишуваат историја, Борусија (Д) триумфално во Истанбул (ВИДЕО)
СледноЛапорта му дал „фора“ од три меча на Куман да направи нешто со Барса