Машката одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра против Италија во полуфиналето на Европското првенство. Во третото четврфинале денеска, Италија многу лесно ја совлада Германија со 3-0 во сетови (25:13, 25:18 и 25:19).
Лавија и Мисилето беа најефикасни со по 13 поени, а по нив следеше Пинали со 11. Италија во полуфиналето ќе се сретне со Србија на мечот закажан за в сабота од 20:30 часот.