Кејн сака да потпише нов договор со Тотенхем, но само под еден услов

575

Sвездата на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да започне преговори за нов договор со клубот, но само доколку во неговиот договор биде вклучена откупна клаузула. Во моментов, сопственикот на тимот Даниел Леви не се согласува со таква идеја.

На крајот од минатата сезона, капитенот на Тотенхем рече дека сака да ги напушти „мамузите“ за да може да се бори за трофеи. Кејн трипати ја освои наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата, но досега нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.

Ако Леви не попушти, можно е уште следното лето Кејн да продолжи со инсистирање за заминување, што ќе создаде нови проблеми за Тотенхем.

ПретходноЛШ: Два пресврта и победа за Ливерпул, Родриго го „реши“ Интер, бледиот ПСЖ зема само бод (ВИДЕО)
СледноМагија на Дибиров во Елверум (ВИДЕО)