На првиот меч без Лионел Меси во Лигата на шампиони, Барселона на домашен терен беше совладан со убедливи 3-0 од Баерн Минхен.
Фудбалерите на каталонскиот гигант во текот на второто полувреме беа исфиркувани од своите фанови, кои не беа задоволни од она што го видоа. Барселона немаше ниту еден удар во рамките на голот, нешто што претходно се нема случено кога станува збор за мечевите од ова натпреварување.
„Баерн во овој момент е многу подобар тим од нас, постои голема разлика во играчите. Заслужено не победија. Не можам ништо да им забележам на момците, имаме екипа каква што имаме. Тоа се многу млади играчи, мечот го завршивме со неколку фудбалери кои имаат околу 18 години. За две или три години ќе бидат многу добри“, изјави по поразот Роналд Куман.
Предводиникот на Барса верува дека навивачите целосно ги разбираат и дека ја имаат нивната поддршка.
„Навивачите сфаќаат во каква ситуација се наоѓаме. Ќе биде потребно време да ги минеме проблемите. Работите ќе се променат, некои играчи покажаа дека имаат голема иднина“.
#OJOALDATO – El Barcelona termina un partido SIN REALIZAR NI UN SOLO REMATE A PUERTA por PRIMERA VEZ en TODA la historia de la UEFA Champions League #UCL
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) September 14, 2021