ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Евро-гол на Траоре за водство на Шериф, Борусија (Д) „владее“ во Истанбул (ВИДЕО)

185

Борусија Дортмунд и Шериф Тираспол обезбедија предност по првиот дел на денешните мечеви од првата рунда во новата сезона на Лигата на шампионите. Германците со убедливи 2:0 водат во Истанбул, Шериф има минимална предност од 1:0 дома против украинскиот ривал.

Најпријатното изненадување сезонава во Лигата на шампионите, Шериф Тираспол, со еден фантастичен погодок на Адама Траоре поведе против Шахтјор во 16. минута од натпреварот во групата „Д“ и најави дека нема да биде само гледач и учесник во оваа фаза од најсилното клупско натпреварување.

 

Дуелот во Истанбул донесе динамично прво полувреме во кое реално подобро се снајдоа гостите. Преку Џуд Белингем погодија за 1:0 во 20. минута, а потоа пропуштија уште два „зицери“ за да зголемат и на 2:0. Во истекот на трите минути од судиското надополнување, Белингем повторно во елемент. Овој пат како асистент за Халанд кој погоди за конечни 2:0 по првиото полувреме на мечот.

 

ПретходноКевин Њокас е „гладен“ за голови (ВИДЕО)
СледноИ Прилеп му зема мерка на Металург