ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Милан со пресврт води на „Енфилд“, ПСЖ се мачи против Бриж (ВИДЕО)

136

Неверојатен пресврт за две минути приредија фудбалерите на Милан на гостувањето кај Ливерпул и успеаја со предност од 2:1 да заминат на полувреме во еден од двата најинтересни мечеви вечерва. Ливерпул поведе со автоголот на Томори во 9. минута, во 15-тата Салах промаши пенал, а казната стигна во финишот кога Анте Ребиќ и Брахим Дијаз во 42’ и 44’ успеаја да им донесат предност на Италијанците.

 

ПСЖ има само 1:1 на полувреме кај Бриж. Отворија Французите со голот на Ерера, нод омашните брзо израмнија на 1:1 преку Ванакен.

 

Интер и Реал без многу возбудувања на пауза заминаа со 0:0.

Група „А“
21.00 Манчестер Сити – РБ Лајпциг (3:1)
21.00 Бриж – ПСЖ (1:1)
Група „Б“
21.00 Ливерпул – Милан (1:2)
21.00 Атлетико (М) – Порто (0:0)
Група „Ц“
18.45 Бешикташ – Борусија Д  1:2
21.00 Спортинг – Ајакс (1:3)
Група „Д“
18.45 Шериф – Шахтјор 2:0
21.00 Интер – Реал (М) (0:0)

ПретходноГаџа: Ме прогласија за најдобар играч бидејќи промашив на крајот!
СледноНадал: Ме чека долг период на рехабилитација