ЛШ: Шериф Т. и Николов пишуваат историја, Борусија (Д) триумфално во Истанбул (ВИДЕО)

272

Молдавската сензација Шериф Тираспол славеше со 2:0 во првото коло од новата сезона од Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен, „легијата на странци“ во составот на Шериф со головите на Траоре (16’) и на Јансане (62’) покажа дека не случајно е дел од групната фаза на најкомерцијалниот европски фудбалски турнир.

Нашиот репрезентативец Бобан Николов стартуваше на клупата, но доби шанса да ги одигра завршните 5 минути на мечот.

Во вториот дуел Борусија (Д) со три бода се враќа од Истанбул, каде со два гола во првото полувреме го реши победникот на мечот. Белингем отвори во 20. минута, а потоа и асистираше за Халанд во 45+ минута од првиот дел за водство од 2:0.

Иако Бешикташ ја имаше иницијативата во второто полувреме, Борусија остана со празна мрежа се до судиското продолжение, кога Монтеиро успеа да погоди и само да намали на 2:1.

ПретходноЛегендарен тајм-аут на Вујовиќ: Малку на шпански, малку англиски јазик (ВИДЕО)
СледноЕ.Пелистер „нагази“ во вторто полувреме и го освои Кавадарци