Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз на стартот на Лигата на шампиони. Тимот од „Олд Трафорд“ беше совладан на гостувањето кај Јанг Бојс со 2-1.
Кристијано Роналдо одново заигра во дресот на Јунајтед, но не можеше да го спаси својот тим.
Исклучувањето на Арон Ван Бисака во 35. минута го промени текот на мечот, кој беше запечатен со киксот на Лигард во петата минута од продолжението, кога им поклони топка на гостите за конечни 2-1.
Она што е необично е дека Јунајтед на оваа средба упати само два удари во рамките на голот на домаќинот. Првиот беше голот на Роналдо во 13. минута, а вториот исто така негов шут во 25. минута.
Ова на Јунајтед му се нема случено од сезоната 2003/04, „црвените ѓаволи“ имаат одиграно 138 натпревари.
Ова е податок кој е загрижувачки, особено ако се земе во предвид дека беа совладани од Јанг Бојс.