Баерн Минхен немаше милост кон Барселона, ја совлада со 3-0 на гостински терен во првиот меч од Лигата на шампиони.
По голот на Роберт Левандовски за 2-0, стратегот на домашниот тим, Роналд Куман одлучи да им даде шанса на младите играчи. Од игра излегоа, Бускетс, Серџи Роберто, а нешто покасно и Жорди Алба.
Камерите успеаја да ја фатат реакцијата на Алба на клупата која пак најдобро ја опишува немоќта на каталонскиот гигант.