ПОЛУВРЕМЕ: Наместо плус четири, Вардар го врати Елверум

122

Вардар 1961 по првото полувреме против Елверум на гости во рамките на првиот меч од новата сезона во Лигата на шампиони има реми 13-13. Голема штета „црвено-црните“ му дозволија на противникот да се врати и покрај тоа што водеше со плус четири.

Македонскиот првак несигурно го почна мечот, противничкиот голман запиша пет интервенции во само пет минути, фати и еден седмерец на Дибиров. Првиот гол го постигна Гаџа на истекот на 6. минута за 2-1, минута подоцна Тото израмни на 2-2.

Томовски влезе во серија на три одбрани, Вардар за првпат поведе на мечот, беше 3-4 во 11 минута, имаше шанса за плус два, но не искористи две ситуации. Иако македонскиот тим остана со играч помалку, но успеа да држи ритам.

Пред 20. минута, избраниците на Вујовиќ почнаа да функционираат одлично. Три одбрани на Томовски во низа, му донесе водство на македонскиот тим од 8-12 во 25. минута. Во игра влезе и Кевин Њокас, кој заедно со Тото одлично функционираат.

Вардар не успеа да ја задржи позитивата, прими лесни голови. Елверум со серија од 5-1 изедначи на 13-13. Ова беше период во кој токму Кевин загуби две топки, а одбраната застана, па Елверум постигнуваше брзи голови.

Кевин постигна три гола во првото полувреме, Тото има четири погодоци, додека  Томовски запиша осум интервенции.

ПретходноДа се наежиш: “Мајмуните“ направија спектакл во Прилеп! (ВИДЕО)
СледноКевин Њокас е „гладен“ за голови (ВИДЕО)