Словенија е последниот полуфиналист на одбојкарското ЕП

151

Одбојкарите на Словенија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство откако во последното четвртфинале ја совладаа Чешка во Острава со 3:0 во сетови.

Словенците триумфираа со доминантната игра против домаќините (25:21, 25:19, 27:25) и закажаа полуфинале против Полска во борбата за финалето.

Најголема заслуга за успехот на тимот на Алберто Џулијани има Тончек Стерн, кој беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени.

ПретходноРистовска перфектна во убедливиот триумф на ЦСКА
СледноУрнебесна прес-конференција во Елверум: За малку ќе им паднеше банерот врз глава (ВИДЕО)