Одново победа на Академија Пандев и тоа убедлива, и одново херој на тимот е Мартин Мирчевски кој оваа есен просто блеска во дресот на струмичани. Шест кола и седум голови на Мирчевски кој се наметнува како кандидат за прв стрелец. Академија Пандев ја победи Македонија ЃП со 4:1, два гола беа дело на Мирчевски. Покрај него во тимот на колото се и Бихорац и Каио Ликас, стрелците на двата други гола.
Шкупи дојде до бод на големото дерби во Тетово, можеше и да победи, Наумовски и Чешмеџиев одиграа сосема солидно. Кај Шкендија враќањето на Алими е нов импулс во средниот ред. Ренова со 2:0 го победи Тиквеш среде Кавадарци, најзаслужни беа Селмани и Рамадани. Работнички славеше исто со 2:0 против Брегалница, а Ристевски беше играч на мечот. Трајкоски активно учествуваше во уште една победа на Борец и тоа со прекрасен гол. И на крај Галевски во 95.минута му донесе три бода на тимот на Струга Трим Лум.
ИГРАЧ НА КОЛО
МАРТИН МИРЧЕВСКИ
Тим: Академија Пандев
Роден: 11.02.1994
Кариера: Пелистер, Победа, Беласица, Трепча (Косово), Вардар, А.Пандев