Интересна прес-конференција по завршување на дуелот меѓу Елверум и Вардар во Норвешка. Додека Анте Гаџа даваше изјава по ремито во првото коло од Лигата на шампионите, во позадина почна да паѓа банерот.
На голема среќа Веселин Вујовиќ заедно со домаќините брзо реагираа, па истиот го вратија на своето место. Колку и да сакаше стратегот на Вардар да остане сериозен, сепак не издржа па „под мустаќ“ се насмеа.
Моментот можете да го видите во 1:23 од видеото во продолжение.