Фазли: Да не беа повредите, мојата кариера ќе беше подобра

284

Самир Фазли, некогашниот репрезентативец кој настапуваше во Шкендија и во Македонија ЃП, па замина во Казахастан, во интервју за „Спортс“, кажа дека повредите го спречиле да има поблескава кариера.

„Во Херенвен отидов на мала возраст и бев многу среќен. Но, поради многу повреди, немав можност да се докажам и да играм почесто“, вели Фазли.

Тој кажа дека не е задоволен од кариерата.

„Не сум задоволен, да имаше помалку повреди, мојата кариера ќе беше поинаква и подобра. Но, среќен сум за она што го постигнав досега“, изјави Фазли.

Тој на својот прв настап за Туран постигна гол и се надева дека ќе продолжи во ист стил.

Претходно15-годишниот Величковски ќе биде дел од првиот тим на МЗТ Скопје
СледноКОМЕНТАР НА 6.КОЛО: И не се само Шкендија и Шкупи…во битката за титулата!