Убав гест на Шкупи пред почетокот на вчерашното супер – дерби под Шара против Шкендија. Имено по повод трагедијата која се случи минатата недела кога во страшниот пожар во модуларната болница животот го загубија 14 лица, чаирчани излегоа на терен со специјални маички.
На нив пишуваше И ШКУПИ Е СО ТЕТОВО.
На тој начин сакаа да им одадат почит на загинатите и нивните семејства.
Токму затоа ова е фото на колото.