Боја Величковски, еден од најталентираните кошаркари, ќе биде дел од првиот тим на МЗТ Скопје, и покрај тоа што има само 15 години.
Станува збор за еден од најперспективните играчи од младинската школа на „металците“, кој летово напорно работи заедно со далеку поискусните од првиот тим и кој веќе дебитираше во сениорскиот тим на пријателскиот турнир во Лесковац.
Величковски е кадетски репрезентативец на Македонија, од кого се очекува многу ако продолжи да работи напорно и посветено како и до сега.
Со оглед на возраста, соработката со него е за следните три години, односно до неговото полнолетство, по што тој самиот ќе може да го парафира својот прв професионален договор.