„El Chiringuito“: Лапорта жестоко го нападнал Куман

448

Во првото коло од новата сезона, Барса мина лошо против Баерн Минхен, на домашен терен беше совладана со 3-0.

Каталонскиот гигант изгледаше лошо и бледо. Гостите лесно и без проблем дојдоа до целиот плен. Немоќта на Барса го извади од кожа и првиот човек на клуб, Жоан Лапорта, кој после мечот имал жестока дебата со Роналд Куман.

„El Chiringuito“ открива дека Лапорта бил бесен поради лошата игра, а додека Куман се бранел. Првиот човек бил незадоволен од она што го видел на теренот.

Добро е познато дека холандскиот стратег на клупата на Барса седна во времето на Бартомеу, па токму затоа тој не ужива во симпатиите на Лапорта.

ПретходноНегативен рекорд на Манчестер Јунајтед во ЛШ
СледноНемоќта на Барса: Тешко е да се пронајде вистинскиот збор (ВИДЕО)