Во првото коло од новата сезона, Барса мина лошо против Баерн Минхен, на домашен терен беше совладана со 3-0.
Каталонскиот гигант изгледаше лошо и бледо. Гостите лесно и без проблем дојдоа до целиот плен. Немоќта на Барса го извади од кожа и првиот човек на клуб, Жоан Лапорта, кој после мечот имал жестока дебата со Роналд Куман.
„El Chiringuito“ открива дека Лапорта бил бесен поради лошата игра, а додека Куман се бранел. Првиот човек бил незадоволен од она што го видел на теренот.
Добро е познато дека холандскиот стратег на клупата на Барса седна во времето на Бартомеу, па токму затоа тој не ужива во симпатиите на Лапорта.