„Билиќ на Твитер дозна дека е сменет, тоа е срамота“

433

Хрватскиот тренер Славен Билиќ минатата сезона доби отказ од ВБА по само 13 меча, освојувајќи само седум бодови.

Билиќ барал повеќе пари за засилувања, но добил амо 40 милиони евра. За тие пари Билиќ донесе тројца играчи, а потоа Хрватот ги нападна челниците на клубот.

Доби отказ по ремито со Манчестер Сити на гости. Јулијан Дикс, тренерот кој бил во стручниот штаб на Билиќ, објасни што се случувало тогаш.

„Сте дошле од втора лига и одите на Етихад освојувате бод. Се враќавме со автобус и почнаа да ми стигнуваат пораки дека сме сменети. Не беше јасно ништо. Па, само што одигравме нерешено во гости со Сити. Не верував, мислев дека се глупости и дека некој се шегува. Меѓутоа утредента не повикаа во клубот и тоа беше тоа. Очигледно се беше испланирано. Тоа беше срамота“, рече Дикс.

ПретходноКостадинов стрелец за Ружомберок во Купот на Словачка!
СледноИталија ја прегази Германија и закажа полуфинале со Србија на ЕП