Куп – 1/16 финале: Пенал рулетот за Вардар, Пелистер броеше до девет…

972

Супер интересно беше во Прилеп, во меч од 1/16 финалето на Купот на Македонија. Сепак на крајот Вардар се радуваше откако успеа да ја совлада Победа и тоа на пенали. Прво Блажевски со “бомба“ му донесе водство на Вардар, за да прилепчани во 94.минута со играч помалку израмни.

Во пенал серијата гостите беа подобри и се пласираа во следната фаза.

Во Охрид, Брегалница со голот на Додев ја победи Воска, а Пелистер со неверојатни 9:0 успеа да слави над Љуботен. Додека Ренова со головите на Алиу два, Шефити и Перес успеа да го победи Гостивар со 4:0.

Мечот Новаци – Тиквеш доцнеше речиси еден час, сепак кавадарчани победија со 2:0.Пенали имаше и во Речица каде играа Беса и Скопје, сепак на крајот “пиратите“ беа поуспешни и одат понатаму.

РЕЗУЛТАТИ

Детонит – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:3

Победа – ВАРДАР 1:1 (П 5:6)

Беса– СКОПЈЕ 1:1 (П5:6)

Тим Локомотива – ОХРИД 0:2

Љуботен – ПЕЛИСТЕР 0:9

Гостивар – РЕНОВА 0:4

Кораби – БЕЛАСИЦА 1:2

Слога (В) – РАБОТНИЧКИ 0:3

Новаци – ТИКВЕШ 0:2

Саса – СТРУГА ТЛ 0:2

Воска Спорт – БРЕГАЛНИЦА 0:1

*Со големи букви се екипите кои одат понатаму

22.09.2021 – 15 Ч

КИТ ГО – ШКЕНДИЈА

ЊУ СТАРС – БОРЕЦ

ВЕЛЕШТА – ШКУПИ

ПретходноКуп – 1/16 финале: Струга ТЛ со 2:0 славеше во Каменица, Работнички лесно во Виница!
СледноМајсторија: Каква БОМБААА на Блажевски! (ВИДЕО)