Едуардо Гурбиндо не отпатува со Вардар за мечот со Елверум. Иако шпанскиот репрезентативец беше најавен како големо засилување во редовите на актуелниот македонски првак, сепак дојде до непосакувана ситуација.
Неофицијално е дека Гурбиндо не е во добри односи со Веселин Вујовиќ, па сака да замине во редовите на Динамо Букурешт. Се чини патот до таму не е лесен, според „Арена спорт“, првиот човек на клубот, Михајло Михајловски побарал 100.000 евра за да го пушти Шпанецот кој има договор со „црвено-црните“.
Во овој момент Динамо Букурешт понудил 30.000 евра, дали двете страни ќе најдат заеднички јазик останува да видиме.