Тренерот на Челзи, Томас Тухел после победата над Зенит, го испофали својот играч Ромело Лукаку. Тој кажа дека на Челзи му недостасувал токму таков играч како Белгиецот.
„Не создадовме доволно шанси за него, но тој никогаш не губи верба, секогаш оди до крај. И поради тоа е кала напаѓач. Тој е многу важен. Нема многу напаѓачи со неговиот квалитет. Победувавме и без Лукаку, но тој е тип на играч кон ни недостасуваше, не само поради талентот, туку и поради неговата личност. Скромен е, многу комуницира во соблекувална, прави одредена енергија околу себе на која сме горди“, кажа Тухел.