Итен состанок во Барселона – се „готви“ смена на Куман!?

322

Тренерот на Барселона, Роналд Куман би можел да стане „поранешен“ уште денеска.

Како што наведува една каталонска телевизија, во Барселона е свикан итен состанок на кој ќе се разгледува и отказот на холандскиот тренер по катастрофата и поразот од Баерн Минхен.

Отказот би го чинел клубот 12 милиони евра. Многу членови на клубот се подготвени, но постојат и тие кои би почекале со смената и не би брзале.

Пред неколку дена Куман кажа дека благодарение на него, Барселона има иднина, а потоа следуваше и поразот од Баерн, без ниту еден шут кон противничкиот гол.

ПретходноМанчини: Сега не размислувам да водам клуб
СледноОвен: Овој ПСЖ не може да е фаворит за ЛШ, послаб е од лани