ЛЕ: Елмас и Наполи се вратија од „мртвите“ – од 2:0 до 2:2 (ВИДЕО)

342

Наполи на нашиот Елиф Елмас се врати од „мртвите“ на гостувањето кај Лестер и успеа да се избори за нерешени 2:2 во еден од најинтересните вечерни мечеви од 1. коло во групната фаза на Лигата на Европа. Домашните поведоа со 1:0 преку Ајозе Перез уште во 9. минута, за Барнс во 64. минута да зголеми и на 2:0.

Сепак упорноста на гостите, особено по влегувањето на Елмас во игра даде резултат. Нигериецот Осимен со два гола во 69. и 87. минута успеа да ги врати наполитенаците во игра и на крајот да освојат макар бод.

Интересен меч одиграа и ПСВ и Реал Сосиедад. Домашните први поведа со голот на Гетце, но гостите со головите на Јанузај и Исак успеа да направат комплетен пресврт до крајот на полувремето. Во вториот дел Холанѓаните не чекаа многу за израмнување. Гакпо погоди во 54. минута и ги врати на 2:2, што на крајот се покажа и како конечен резултат на мечот.

Група “А”:

Брондби – Спарта Прага 0:0

Ренџерс – Олимпик Лион 0:2

Група “Б”:

Монако – Штурм Грац 1:0

ПСВ Ајндховен – Реал Сосиедад 2:2

Група “Ц”:

Лестер Сити – Наполи 2:2

Група “Д”:

Олимпијакос – Антверпен 2:1

Ајнтрахт Франкфурт – Фенербахче 1:1

ПретходноКЛ: Партизан триумфално на Кипар, Рома ги преслуша софиските „црвени“ (ВИДЕО)
СледноОд Милан до Судува: Хонда потпиша за литванскиот вицепрвак