Поразот и лошата игра на Барселона против Баерн Минхен на отварањето на Лигата на шампиони не се единствени проблеми за тренерот, Роналд Куман.
Жорди Алба и Педри ќе мора да бидат надвор од терените поради повредите кои ги заработија токму на овој меч.
Педри има повреда на квадрицепсот на левата нога и ќе биде надвор најмногу 15 дена, додека Алба има има проблем грбот и според шпанските медиуми ќе мора да паузира околу еден месец.
Двајцата им се придружија на Агуеро, Дембеле, Фати и Брајтвајт на листата на повредени.