Сребро и бронза за Македонија од „Президент купот“ во Истанбул

121

Македонските таеквондисти беа дел од еден од најсилните турнири во светот 6. Президент куп 2021 во Истанбул, Турција и освоија два медали – сребрен на Филип Додевски и бронзен на Анамарија Георгиевска.

Филип Додевски (-87 кг) до сребрениот медал стигна со три победи против Ахмет Кескин и Таха Бицер од Турција (актуелен европски младински шампион) и Рафаел Камалов од Русија (втор на светската ранг листа во оваа категорија).

Додевски во финалето е поразен од Роберто Бота од Италија (актуелен бронзен медалист од Европско првенство).

Анамарија Георгиевска (-67 кг) со победите над Аисе Кирачаоглу од Турција и Андреа Мокаму од Романија го освои бронзениот медал. Во полуфиналето е поразена од Атанасија Мицополу од Грција.

Одлични борби имале Филип Стаменов и Марко Аврамовски, а Дејан Георгиевски не настапил на овој турнир поради повреда.

 

ПретходноДајч потпиша со Барнли со 2025: „Не ни размислував за друг клуб…“
СледноХајдук во јануари добива звучно засилување во нападот