Како што дознаваме Пане Блажевски не е повеќе тренер на Тиквеш. По лошите резултати на тимот, кој во првите шест кола од новата сезоната во ПМФЛ од можни 18 освои само два бода, тој и Тиквеш се разделиле. На негово место доаѓа Влатко Костов, еден од нашите најдобри тренери. Како што велат нашите информации со него речиси се е договорено, останува само да се прецизираат деталите и да се промовирава во нов шеф на струката.
Интересно е тоа што штипјанецот своето деби како тренер на Тиквеш ќе го има во недела и тоа во Штип, против Брегалница, се разбира ако се биде како што треба или како што се најавува.
Не треба да се трошат зборови за Влатко Костов како тренер. Тој во неколку наврати ја предводеше Ренова, со која успеа да го освои првенството и Купот. Со Брегалница имаше одлични резултати. Беше тренер и на Работничи, Хоризонт Турново и други наши клубови. Потоа беше тренер на Ал –Раед во С. Арабија, а му беше помошник на Мирсад Јонуз во младата репрезентацијата на Македонија а потоа и во А –тимот.