Германскиот селектор ќе гледа во живо осум меча пред да го формира списокот за Македонија

430

Откако го завзеде првото место во групата, Германија сака да го „завери“ учеството на Мундијалот уште во октомври, кога неговата селекција игра домашен меч со Романија, а потоа гостува во Скопје на Македонија.

Селекторот Ханс Флик ќе го објави списокот на фудбалери на 1. октомври, а претходно ќе посети, верувале или не, дури осум натпревари пред да донесе конечна одлука.

Флик денеска ќе го гледа мечот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Фенербахче во Лигата на Европа. Потоа во Бундеслигата викендот ќе ги гледа мечевите Келн – Лајпциг и Штутгарт – Баер Леверкузен.

Во понеделник Флик и неговиот помошник одат во Англија. Ќе ги гледаат дуелите Челзи – Сити, потоа Бренфорд – Ливерпул и Арсенал – Тотенхем.

Пред објавувањето на списокот, Флик ќе ги гледа и мечевите од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд – Спортинг Лисабон и Баерн Минхен – Динамо Киев.

ФОТО: Твитер на Германска фудбалска федерација

ПретходноМемфис се ослободи од Гасол, се враќа во Европа
СледноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Качевски “главен“ во Штип, Трпчевски ќе им суди на Силекс и Воска Спорт!