Дајч потпиша со Барнли со 2025: „Не ни размислував за друг клуб…“

154

Англискиот премиерлигаш Барнли соопшти дека го продолжиле договорот со тренерот Шон Дајч до летото 2025 година.50-годишниот тренер моментално е најдолго на клупата на еден премиерлигаш затоа што го предводи Барнли од октомври 2012 година кога клубот играше во Чемпионшип.

Не ни размислував поинаку. Новото раководство уште по првиот разговор сакаше да останам, од тогаш зборувавме неколку пати, обезбедивме опстанок минатата сезона, а сега дојде и време да ја продолжиме соработката.  Ќе пробаме да ја зајакнеме екипата во наредните неколку преодни рока.
За тоа мора време. А имаме и добар старт со оние засилувања што ги донесовме. Тоа исто така се должи на широката клупа и квалитетот на играчите и мислам дека можеме да бидеме уште подобри како што одминува сезоната
“, вели Дајч.

Пред да дојде во Барнли, Дајч работеше една сезона во Вотфорд.

ПретходноЛудогорец без својот тренер во Данска поради ковид-19
СледноСребро и бронза за Македонија од „Президент купот“ во Истанбул