Е.Пелистер 2 го реши Бутел, езерското дерби за Охрид

102

Е.Пелистер 2 го запиша првиот триумф оваа сезона. По поразот од првиот битолски состав, избраниците на Александар Јовиќ дојдоа до важна победа и тоа на сметка на Бутел Скопје, го совладаа со 30-27.

Атанасијевиќ со седум гола, Кузманоски и Џукиќ со по шест гола беа најефикасни кај домаќинот, на другата страна Мојсоски со 10 гола беше прв стрелец на мечот.

Возбудливо беше и на езерското дерби. Дуелот меѓу Струга и Охрид понуди вистинска битка, на крајот гостите успеаја да слават со 19-21. Ракометарите на домашниот тим имаа позитива од 16-13 пред самиот крај, но противникот со серија од 4-0 поведе со 16-17, по што дојде и до плус два за сигурни бодови.

Шилегов имаше седум гола, еден помалку запиша Николов, во редовите на Струга, Блажевски беше стрелец на седум гола.

ПретходноМитревски тргна со пораз, Динамо го урна Келце, ПСЖ падна во Веспрем
СледноЛЕ: Ристовски и Адеми немоќни против Вест Хем, Ц. Звезда слави во Белград (ВИДЕО)